![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Metro Ethernet претставува компјутерска мрежа која покрива големо градско подрачје (метропола), или поголема логичка целина на населено место, и истата е заснована на Ethernet стандардот. Истата се нарекува Metropolitan Area Network и служи за да обезбеди поврзување помеѓу пратплатници на мрежата од поглед на физички корисници како и бизнис организации а сè со цел овозможување на пристап до Интернет. Претплатата обично оди преку семрежни услужници(IP), каде освен основните услуги за физички лица, може да се закупат и специјални линии за бизнис корисници кои ќе го поврзат седиштето на фирмата со нејзините филијали.
Кога ќе се земат предвид технологиите : Ethernet, SONET/SDH , како и PDH, сепак како најевтина варијанта споредбено со пропусниот опсег е Ethernet технологијата, која притоа може да обезбеди и висококвалитетни сервиси а и поголем пропусен опсег, што не е случај со SDH врската. Голема предност во однос на другите технологии е и тоа што многу лесно може да се воспостави врска во една т.н клиент-мрежа а поскоро и во станбени објекти.
Типови на користење на Ethernet преку MAN(Metropolitan Area Network) :
Употребата на Чист Ethernet е евтино но истото е помалку сигурно и размерливо и обично ограничена на експериментални употреби и распоредувања. SDH - заснована употреба и распоредување е корисна кога имаме постоечка SDH – инфраструктура, а главна маана е губење на флексибулност во управувањето со пропусниот опсег заради крутата хиерархија наметната од страна на мрежата на SDH. MPLS – заснованите распоредувања се најскапи, но со висок степен на сигурност и размерливост и истите најчесто се нудат од страна на големите сервис – услужници.